среда, 26 ноември 2008 г.

Известување за распоред на обуките

Обуките во рамките на компонентата продолжуваат со предвидениот интензитет. Изминатиов викенд се одржаа трите закажани обуки, а во меѓувреме се дефинираа термините уште за 3 обуки. Од преостанатите 17 обуки засега дефинирани се 15 термини, додека останатите 2 термини наскоро ќе бидат одредени.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 17 ноември 2008 г.

Најнова информација

Во досегашната реализација на обуките од втората фаза во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, се одржаа 35 од предвидените 55 обуки. Од преостанатите 20 обуки засега дефинирани се 15 термини, додека останатите 5 наскоро ќе бидат одредени.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 12 ноември 2008 г.

Најнов распоред на обуки

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 11 ноември 2008 г.

е-Вести за компонентата

Овие ПЕП е-Вести се однесуваат на активностите на компонентата Унапредување на наставата по математика и природни науки.

Поради големиот интерес за нашите активности, одлучивме во првиве е-Вести да Ви дадеме краток преглед на она што го планираме во периодот 2008-2009 година. Исто така ќе Ве информираме и за интересни приоди во поучувањето.

Кликнете овде да го симнете првото издание на е-Вестите на македонски јазик.

Кликнете овде да го симнете првото издание на е-Вестите на албански јазик.

среда, 5 ноември 2008 г.

3 oбуки во регионот Североисток

Закажани се обуките по математика на македонски и на албански јазик и обуката по хемија на македонски јазик, во регионот Североисток. Обуките по хемија и математика на македонски наставен јазик ќе се одржат на 28-29 Ноември, додека обуката по математика на албански јазик ќе се одржи на 5-6 Декември. Предвидено е обуките да се одржат во Куманово.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 3 ноември 2008 г.

Дефинирани уште 3 термини за обуки

Дефинирани се термини за 3 обуки, кои ќе се одржат при крајот на Ноември и почетокот на Декември. Имено, на 28-29 Ноември, во просториите на СУ "Лазар Танев" - Скопје ќе се одржи обуката по математика на македонски јазик за наставниците од Скопје, кои не беа поканети на обуката организирана во текот на месец Август. Исто така, на 5-6 Декември во Тетово ќе се одржат обуки за наставниците по хемија, од регионот Полог, на македонски и албански наставен јазик.
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.