До крајот на втората фаза од реализацијата на обуките во рамките на компонентата за
Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, останаа уште 9 обуки. Од нив за време на престојниот викенд предвидено е да се одржат 7 обуки. Едната од преостанатите 2 обуки по географија на албански јазик ќе се одржи за време на следниот викенд 19-20 Декември, додека последната обука, ќе се одржи за време на зимскиот распуст, а терминот дополнително ќе биде објавен.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.