четврток, 9, јули 2009

НАЈНОВ ФАЗА 3 РАСПОРЕД

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ за да го симнете најновиот распоред на обуки од Фаза 3, каде што има информации за досегашниот тек на обуките и за предвидените обуки во рамките на оваа Фаза. Од вкупно 55 обуки во Фаза 3, досега се одржаа 43 обуки, дефиниран е 1 термин за обука, а преостанатите 11 обуки предвидено е да се закажат и одржат во периодот од 18 Август до крајот на Септември.

среда, 1, јули 2009

НАЈНОВ ФАЗА 3 РАСПОРЕД

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ за да го симнете најновиот распоред на обуки од Фаза 3, каде што има информации за сите 3 обуки кои се закажани да се одржат во текот на месец Јули. Од вкупно 55 обуки во Фаза 3, досега се одржаа 40 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, а преостанатите 12 обуки предвидено е да се закажат и одржат во периодот од 17 Август до крајот на Септември.

четврток, 9, април 2009

Започнуваат обуките од Фаза 3

Во рамките на Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 55 дводневни обуки за училиштата вклучени во Фаза 3. Досега се одржаa 40 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, а во периодот од 17 Август до крајот на Септември оваа година предвидено е да се закажат и одржат и преостанатите 12 обуки.
Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на
општините во региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.
Од табелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот и јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за
местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите

Tабелата
ФАЗА 3 РАСПОРЕД постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.

Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик

Се надеваме на успешна соработка.

среда, 18, март 2009

ПИТАГОРОВА ТЕОРЕМА низ песна

Учениците од седмо одделение во Основното училиште 11 Октомвриво Скопје водени од наставникот по математика Јордан Дудески и наставникот по музика Звонимир Атанасов ја открија и ја научија питагоровата теорема.

Учениците беа ангажирани со манипулативни активности во откривањето на теоремата, преку песна ја научија, а под водство на наставничката по информатика Ирина Иванова шестооделенците Давид Малинковски и Никола Торбoвски направија анимација на теоремата.

Подолу погледнете видео-клип со песната, видео-клип со анимацијата и фотографии од активностите на учениците.

video


video


вторник, 10, март 2009

ФАЗА 3 ОД КОМПОНЕНТАТА

При крај се подготовките за отпочнување на обуките со училиштата од Фаза 3. Во овие обуки Во Фаза 3 се вклучени останатите 182 училишта коишто досега не беа опфатени во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.
Планирано е обуките да започнат во месец Април и да траат до Септември. Ве повикуваме почесто да го посетувате нашиов блог, каде ќе можете да се информирате за планираните и закажаните обуки.

Начинот на кој планираме да Ве известуваме и да комуницираме можете да го забележите ако ги погледнете претходните информации на блогов, кои најчесто беа наменети за училиштата вклучени во Фаза 2.

Кликнете овде за да го симнете списокот на 182 училишта вклучени во Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.

Се надеваме на успешна соработка.

понеделник, 9, февруари 2009

Вклучете се на ПЕП натпреварот “Еколошка машина која пренесува енергија“

Проектот за основно образование организира натпревар меѓу училиштата за изготвување Еколошка машина која пренесува енергија.

Покануваме тимови составени од 10-12 ученици, водени од наставник по физика и и уште еден наставник од Вашето училиште да осмислат и изградат Еколошка машина која пренесува енергија. За наставниците по физика од училиштата коишто ќе се пријават на натпреварот ќе организираме еднодневна обука.

Изготвените машини ќе бидат вреднувани од ПЕП комисија и најдобрите тимови на регионално ниво ќе бидат поканети да ги претстават своите машини на информативната регионална кампања која ПЕП ќе ја организира во април.

Кликнете овде за симнување на подетални информации за натпреварот, а кликнете овде за да го преземете формуларот за пријавување

Секое училиште може да се пријави со еден тим. Пријавите испратете ги по електронска пошта на адрeсите наведени во пријавата. Краен рок за доставување на пријавите е 16. февруари.

Фотографии и видео-клип од пилотирањето на оваа активност во основното училиште Христијан Тодоровски Карпошво Скопје, може да видите подолу.

среда, 24, декември 2008

“Еколошка движечка машина”

Во периодот од 17 до 23 декември, д-р Џеф Новак од универзитетот во Индијана повторно беше во Македонија. Покрај активностите со дел од обучувачите по физика, советници од Бирото за развој на образованието, под негово водство се реализира активност за изработување на Еколошка движечка машина”.

Имено, 20 ученици од основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, заедно со наставниците по физика и техничко образование, на 19 декември работеа околу 5 саати на изготвување на машината”, составена од 5 дела, низ која поминува механичката енергија за однапред дадено време. На фотографиите може да се види процесот на изработка на деловите на машината и целата машина, додека на видео-клипот може да се види како функционираше Еколошката движечка машина.































































video

вторник, 23, декември 2008

Втората фаза пред крај

Престојниот викенд во Куманово ќе се одржи и последната обука во рамките втората фаза од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети. Тоа ќе биде обука по географија на албански јазик за наставниците од Скопје и Североисточен регион.
Кликнете овде за да го симнете распоредот, каде што можете да го видите конечниот изглед на сите досега одржани обуки.
Со ова ќе биде завршена втората фаза, а веќе почнаа подготовките и за третата фаза, каде ќе бидат вклучени сите останати училишта во Република Македонија, кои досега не беа дел од првата или втората фаза.

четврток, 11, декември 2008

Распоред со најнови информации

До крајот на втората фаза од реализацијата на обуките во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, останаа уште 9 обуки. Од нив за време на престојниот викенд предвидено е да се одржат 7 обуки. Едната од преостанатите 2 обуки по географија на албански јазик ќе се одржи за време на следниот викенд 19-20 Декември, додека последната обука, ќе се одржи за време на зимскиот распуст, а терминот дополнително ќе биде објавен.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 26, ноември 2008

Известување за распоред на обуките

Обуките во рамките на компонентата продолжуваат со предвидениот интензитет. Изминатиов викенд се одржаа трите закажани обуки, а во меѓувреме се дефинираа термините уште за 3 обуки. Од преостанатите 17 обуки засега дефинирани се 15 термини, додека останатите 2 термини наскоро ќе бидат одредени.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 17, ноември 2008

Најнова информација

Во досегашната реализација на обуките од втората фаза во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, се одржаа 35 од предвидените 55 обуки. Од преостанатите 20 обуки засега дефинирани се 15 термини, додека останатите 5 наскоро ќе бидат одредени.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 12, ноември 2008

Најнов распоред на обуки

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 11, ноември 2008

е-Вести за компонентата

Овие ПЕП е-Вести се однесуваат на активностите на компонентата Унапредување на наставата по математика и природни науки.

Поради големиот интерес за нашите активности, одлучивме во првиве е-Вести да Ви дадеме краток преглед на она што го планираме во периодот 2008-2009 година. Исто така ќе Ве информираме и за интересни приоди во поучувањето.

Кликнете овде да го симнете првото издание на е-Вестите на македонски јазик.

Кликнете овде да го симнете првото издание на е-Вестите на албански јазик.

среда, 5, ноември 2008

3 oбуки во регионот Североисток

Закажани се обуките по математика на македонски и на албански јазик и обуката по хемија на македонски јазик, во регионот Североисток. Обуките по хемија и математика на македонски наставен јазик ќе се одржат на 28-29 Ноември, додека обуката по математика на албански јазик ќе се одржи на 5-6 Декември. Предвидено е обуките да се одржат во Куманово.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 3, ноември 2008

Дефинирани уште 3 термини за обуки

Дефинирани се термини за 3 обуки, кои ќе се одржат при крајот на Ноември и почетокот на Декември. Имено, на 28-29 Ноември, во просториите на СУ "Лазар Танев" - Скопје ќе се одржи обуката по математика на македонски јазик за наставниците од Скопје, кои не беа поканети на обуката организирана во текот на месец Август. Исто така, на 5-6 Декември во Тетово ќе се одржат обуки за наставниците по хемија, од регионот Полог, на македонски и албански наставен јазик.
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.