среда, 2 март 2011 г.

МЕЃУНАРОДНА СТУДИЈА ЗА МЕРЕЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ TIMSS 2011

Почитувани наставници,

Република Македонија е вклучена во Меѓународната студија за мерење на постигањата на учениците TIMSS 2011. Мерењето на постигањата ќе се реализира преку тестови на знаење по математика и природните науки, кои ќе ги решаваат учениците од 8 одделение, во по една случајно избрана паралелка, во 150 случајно избрани основни училишта во Република Македонија.

Оваа студија ја спроведува Државниот испитен центар (ДИЦ) при Министерството за образование и наука, и сите информации во врска со студијата, училиштата ќе ги добиваат од страна на ДИЦ.

Во изминативе четири години ПЕП успешно соработуваше со наставниците по математика и природни науки, со цел да ја унапредат наставата и учениците да се стекнат со вештини за критичко размислување, решавање проблемски ситуации и истражувања.

Тестовите на TIMSS, ги мерат тукму овие знаења и вештини.

Како и досега, компонентата за Унапредување на наставата по математика и природните науки, сака да излезе во пресрет на наставниците и да им помогне во постигање на што е можно повисоки резултати. Затоа, тука ги поставивме збирките од задачи кои се користеа во студијата TIMSS 1999 (во која беше вклучена нашата држава), на македонски и албански јазик, и задачите од TIMSS 2007 (во која Република Македонија не учествуваше, но учествуваше Србија) на српски јазик.

Очекуваме дека задачите и прашањата во овие збирки ќе Ви дадат појасна слика за знаењата и способностите кои се мерат, и ќе Ви помогнат во вашите активности да ги подготвите учениците за ова тестирање.

Ве поздравуваме и Ви посакуваме постигање на високи резултати.

ПЕП тим за математика и природни науки

петок, 28 јануари 2011 г.

Дополнителни групи за обука

Сите предвидени обуки од вториот циклус, во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, во текот на месец Јануари се реализираа според планираната динамика. Во меѓувреме дефиниран е терминот и за последната преостаната обука од Циклус 2, а тоа е: обуката по географија, на македонски јазик, за наставниците од регионот Вардар, што ќе се одржи на 5 Февруари во Велес.
Освен тоа, работевме и на прибирање на податоците за сите наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија, коишто од разни причини не следеле некоја од обуките во компонентата, од првиот или од вториот циклус. Ако некој насатвник по горенаведените предмети, не е консултиран, во врска со тоа дали следел обуки од компонентата или не, нека испрати е-маил на isasanski@pep.org.mk, за да го планираме во соодветната група за обука.
Наскоро, по комплетирањето на сите податоци ќе биде објавен и распоредот за дополнителните групи за обука, а веќе се одржаа и некои обуки.
Подолу се наведени сите обуки, коишто досега се одржаа во текот на месец Февруари:

05
Февруари Обука од втор циклус по биологија, на македонски јазик, во Велес

05 Февруари Обука од втор циклус по математика, на македонски јазик, во Скопје

12-13 Февруари Обука од прв циклус по математика, на македонски јазик, во Скопје

11-12 Февруари Обука од прв циклус по математика, на албански јазик, во Скопје

13 Февруари Обука од втор циклус по математика, на албански јазик, во Скопје

12 Февруари Обука од втор циклус по математика, на македонски јазик, во Струга

среда, 29 декември 2010 г.

ОСТАНАА УШТЕ 4 ОБУКИ ОД ЦИКЛУС 2

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 28 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јануари, a останува да се дефинира уште 1 термин.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

ПЕП тимот за компонентата Унапредување на наставата по математика и природни науки, Ви посакува да имате среќни и весели празници и Ви ја честита Новата 2011 година со желба за многу здравје, среќа и успех во работата.

четврток, 16 декември 2010 г.

НОВ РАСПОРЕД

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 25 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Декември, a остануваат да се дефинираат уште 4 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 24 ноември 2010 г.

Известување за наставниците по биологија и географија од Скопје

За разлика од претходниот распоред, во меѓувреме дојде до промена на 2 термини за обука. Имено, обуките по географија и биологија, на македонски јазик што требаше да се одржат на 27.11.2010 во Скопје, се поместени да се одржат на 11.12.2010, во основното училиште "Димитар Миладинов" - Скопје, со почеток во 9 часот. Ја користиме оваа прилика, да ги известиме сите наставници по биологија и географија, од регионот Скопје, кои не присуствувале на обуките од вториот циклус, дека можат да земат учество на овие обуки.

Во рамките на вториот дел од
реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 22 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, кои треба да се одржат во текот на Ноември и Декември, a остануваат да се дефинираат уште 7 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

четврток, 18 ноември 2010 г.

НАЈНОВ РАСПОРЕД

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 18 обуки, дефинирани се термините за 7 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Ноември, a остануваат да се дефинираат уште 7 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 9 ноември 2010 г.

Бидете ко-автор на збирка од примери на добра пракса

Проектот на УСАИД за основно образование објавува повик до сите наставниците од основното образование да достават примери од реализирани часови. Доставените примери ќе бидат разгледани од комисија во рамките на проектот. Примерите, што ги исполнуваат критериумите за иновативен приод во наставата насочена кон ученикот ќе бидат објавени во печатена форма и во електронска форма на CD.

Секој пример ќе биде објавен со име и презиме на наставникот – автор.

Ова е уште една можност за Ваше промовирање како иновативните наставници кои сакаат да ги споделат своите успешни наставни часови, на кои користеле современи методи и техники на поучување, во кои оценувањето било интегрален дел, и заедно со учениците користеле различни наставни средства, прирачни материјали и технологија.

За детални информации во врска со подготовката и доставувањето на материјалите, како и примери од реализирани часови подготвени според образецот кликнете на овој линк http://www.pep.org.mk/mk/matematika/konkurs/konkurs.html (за информации на македонски јазик) и на линкот http://www.pep.org.mk/al/math/konkurs/konkurs.html (за детални информации на албански јазик).

Конкурсот трае до 31 декември 2010.

Ваш ПЕП тим за компонентата

четврток, 4 ноември 2010 г.

НОВ РАСПОРЕД

Од претходниот напис до сега, дефинирани се 4 термини за обука, така што во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 12 обуки, дефинирани се термините за 8 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Ноември, a остануваат да се дефинираат уште 13 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 27 октомври 2010 г.

Закажани вкупно 7 обуки

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 9 обуки, дефинирани се термините за 7 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Октомври и Ноември, a остануваат да се дефинираат уште 17 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 20 октомври 2010 г.

Дефиниран уште еден термин за обука во Октомври

Од претходниот напис до сега, беше дефиниран еден термин за обука, и тоа: математика, на албански јазик, за регионот Југозапад, што ќе се одржи на 29.10.2010, во Струга.

Во рамките на вториот дел од
реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 8 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Октомври, a остануваат да се дефинираат уште 23 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 29 септември 2010 г.

ДЕФИНИРАНИ СЕ 9 ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ ВО ОКТОМВРИ

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 2 обуки, дефинирани се термините за 9 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Октомври, a остануваат да се дефинираат уште 23 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 20 септември 2010 г.

РАСПОРЕД НА ОБУКИ ДО КРАЈ НА ЦИКЛУС 2

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 72 обуки, од предвидените вкупно 105 групи за обука. Распоредот за одржаните 72 обуки, веќе нема да биде објавуван.

Од сега, па до крајот на Циклус 2, ќе биде ажуриран овој распоред, каде што се поместени информации за вкупно 33 обуки, кои треба да се реализираат во периодот од крајот на Септември 2010 до крајот на Март 2011. Засега, дефинирани се термините за 2 обуки, кои треба да се одржат
во текот на месец Септември, a останува да се дефинира уште 31 термин.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 6 септември 2010 г.

НОВ РАСПОРЕД

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 70 обуки, а дефинирани се термините за 4 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Септември, a остануваат да се дефинираат уште 4 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 1 септември 2010 г.

УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА

Почитувани колеги наставници,

Со задоволство Ви го честитаме почетокот на учебната 2010-2011 година. Ви посакуваме многу успех во работата, интересни содржини, наставни часови и проекти со учениците што ќе придонесе за постигање повисоки резултати.

Проектот за основно образование, и оваа учебна година ќе продолжи да доделува сертификати на наставниците коишто предаваат математика, физика, хемија, биологија и географија. Затоа, Ве покануваме да разговарате со стручната служба и директорот на Вашето училиште, да го поминете процесот за сертификација и да ни ја доставите документацијата, врз основа на којашто, ПЕП ќе го подготви и ќе Ви го достави вашиот сертификат.

Со посебна почит,

Тим на компонентата

Унапредување на наставата по математика и природните науки

ДЕФИНИРАНИ 5 НОВИ ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ ВО СЕПТЕМВРИ

Дефинирани се термините за 5 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Септември. Се работи за обуки по математика во М. Каменица и Скопје, обука по физика во Скопје и обуки по географија и биологија во Куманово.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 68 обуки, а дефинирани се термините за 5 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Септември, a остануваат да се дефинираат уште 5 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 3 август 2010 г.

ДЕФИНИРАНИ 2 ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, одложената обука по Географија, што требаше да се одржи на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, закажана е да се одржи на 25 Август, во ОУ Вук Караџиќ-Куманово. Истиот ден, 25 Август ќе се одржи и обуката по Географија, за наставниците од општина Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 66 обуки, а дефинирани се термините за 2 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Август, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 10 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 15 јуни 2010 г.

ОДЛОЖЕНА ЕДНА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, одложена е обуката по Географија, што требаше да се одржи на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, во ОУ Вук Караџиќ-Куманово. Оваа обука ќе се одржи во текот на Август.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 12 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 13 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 9 јуни 2010 г.

И УШТЕ 2 НОВИ ТЕРМИНИ ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беа дефинирани уште 2 нови термини за обуки:
1. Географија, на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, што ќе се одржи во ОУ Вук Караџиќ-Куманово и

2. Математика, на 17.06.2010, за наставниците од регионот Вардар, што ќе се одржи во ресторан Снупи-Велес.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 13 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 12 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 8 јуни 2010 г.

УШТЕ ЕДЕН НОВ ТЕРМИН ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беше дефиниран уште 1 нов термин за обука, по Математика, на 22.06.2010, за наставниците од регионот Југоисток, што ќе се одржи во ОУ Сандо Масев - Струмица.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 11 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 14 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 7 јуни 2010 г.

Научни ученички клубови (НАУК)

Во текот на месец Март, во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , беше објавен повик за наставниците по математика и природни науки, да формираат т.н. Научни ученички клубови (НАУК).

Целта на формирањето на овие клубови беше, на учениците да им се понуди можност да работат на активности, кои го прошируваат и збогатуваат нивното искуство стекнато за време на часовите по математика и природните науки. НАУК им овозможува на учениците да ги истражуваат и откриваат природно-научните предмети во поинаква, стимулирачка околина, заедно до други ученици заинтересирани за природни науки, без ограничување од наставниот план или распоредот на часовите. Освен наведеното, учениците и нивните наставници од клубот имаат можност заедно да работат и да истражуваат различни идеи и активности.

Притоа, беа формирани 30 тима, под раководство на 44 наставници од 22 училишта. После неколкумесечната работа, беа организирани и настани за презентација на изработките на учениците, во рамките на клубовите. Презентациите се одржаа во Велес, Скопје и Битола, на 26 Мај, 1 и 2 Јуни. Генералниот заклучок од сите настани беше дека, учениците и наставниците успешно си ја завршиле работата, изработиле одлични проекти, коишто знаеја и многу стручно да ги објаснат, пред огромниот аудиториум што ги следеше нивните излагања.
После презентирањето на проектите, на наставниците и ученици
те им беа доделени сертификати.

Ја користиме оваа пригода, на наставниците и учениците, кои ги раководеа и членуваа во НАУК тимовите, уште еднаш јавно да им се заблагодариме, за одвоеното време и за вложениот труд.

Воедно, на сите наставници и ученици од Република Македонија, Ви честитаме за успешно завршената учебна година и Ви посакуваме пријатен летен одмор.

НОВ ТЕРМИН ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беше дефиниран уште 1 нов термин за обука, по Географија, на 17.06.2010, за наставниците од регионот Југоисток.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 10 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 15 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

четврток, 3 јуни 2010 г.

НАЈНОВ РАСПОРЕД

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беа дефинирани уште 6 нови термини за обука, сите за во регионот Исток.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 49 обуки, а дефинирани се термините за 13 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 16 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

петок, 28 мај 2010 г.

ДЕФИНИРАНИ УШТЕ НЕКОЛКУ ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 46 обуки, а дефинирани се термините за 10 обуки, кои треба да се одржат во текот на месеците Мај и Јуни.

Кликнете овде
за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 18 мај 2010 г.

ПРОМЕНА НА ТЕРМИН

Од претходниот напис до денес, се случи едно поместувања на претходно планиран термин за обука. Терминот за третата група за обука, по математика, на албански јазик, за регионот Полог, е поместен од 22.05 за 29.05.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 46 обуки, а дефинирани се термините за 5 обуки, кои треба да се одржат во текот на месеците Мај и Јуни.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 10 мај 2010 г.

НОВ РАСПОРЕД

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 41 обуки, а дефинирани се термините за 10 обуки, кои треба да се одржат во текот на месеците Мај и Јуни.