четврток, 30 октомври 2008 г.

Закажани 5 обуки во регионот Североисток

Дефинирани се термините за 5 обуки кои ќе се одржат во текот на месец Ноември во регионот Североисток. Место на одржување на овие обуки ќе биде Куманово. Обуките кои се на македонски јазик се однесуваат само на наставниците од регионот Североисток, додека пак обуките на албански јазик освен за наставниците од регионот Североисток, се однесуваат и на наставниците на албански јазик од Скопје и од ОУ "Тодор Јанев" од Чашка.
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 27 октомври 2008 г.

Најнова информација

Досега предвидените обуки во целост се реализираа. Од закажаните обуки за наредниот период дојде до поместување на обуката за географија која требаше да се одржи во периодот 31 Октомври до 1 Ноември во Куманово, за наставниците од регионот Североисток. Оваа обука ќе се одржи во текот на месец Ноември.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

петок, 24 октомври 2008 г.

Надополнета информација

Дефинирано е во периодот, 31 Октомври до 1 Ноември, да се одржи обуката по биологија на македонски јазик во регионот Пелагонија. Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 21 октомври 2008 г.

Моменти од обуката за обучувачи по математика

Во извонредно пријатна и работна атмосфера, минатата недела се одржа обука за обучувачи по математика, каде што се работеше на подготовка на агенда, содржини и материјали, кои ќе се користат за време на вториот циклус на обуки по математика во рамките на компонентата за Унапрердување на наставата по математика и природна група предмети.





среда, 15 октомври 2008 г.

Закажани уште 2 обуки по географија

Покрај двете обуки во Југозападниот регион кои ќе се одржат во Струга од 17-18 Октомври, дефинирани се термините и за уште 2 обуки по географија на македонски наставен јазик. Првата од нив предвидено е да се одржи во периодот 24-25 Октомври, во Кавадарци, за наставниците од регионот Југоисток + Вардар, додека втората ќе се одржи во периодот 31 Октомври до 1 Ноември, во Куманово, за наставниците од регионот Североисток.
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 13 октомври 2008 г.

Дефинирани уште 2 термини

Во изминативе неколку дена се дефинираа уште 2 термини за обуки од Фаза 2 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети. Се работи за 2 обуки по географија во регионот Југозапад, кои ќе бидат за наставниците од тој регион кои предаваат и на македонски и на албански наставен јазик. Со тоа би се завршиле сите предвидени обуки од Фаза 2 за Југозападниот регион.
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 7 октомври 2008 г.

Нов распоред на обуки

Сите закажани обуки во изминатиот период се реализираа според предвидената динамика. За наредниот период засега потврдени се термините на 2 обуки, меѓутоа очекуваме да се закажат уште неколку обуки. Веднаш кога ќе се дефинираат, информацијата ќе биде објавена и на блогот.
Кликнете овде за да го симнете распоредот, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

Трета обука за обучувачи по математика

Во рамките на УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП), компонентата Унапредување на наставата по математика и природна група предмети организираме трета обука за обучувачи и ментори за воведување и користење современи форми и методи во наставата по математика.

Обуката ќе ја реализира нашиoт консултант од Универзитетот во Индијана, Проф. Д-р Катерин Браун, професор по методика на наставничкиот факултет во Блумингтон.

Оваа обука ја организираме во Хотел „Романтик“ во Велес на 15 и 16 октомври 2008 .

Вкупниот број на поканети учесници на обуката изнесува 27, меѓу кои советниците од Бирото за развој на образованието, професори и асистенти по методика на наставата по математика од наставничките факултети во Република Македонија и истакнати наставници обучувачи и ментори по математика.


среда, 24 септември 2008 г.

Најнова информација за планираните активности

Кликнете овде за да го симнете распоредот, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 15 септември 2008 г.

Електронски верзии од прирачниците за обука

Во рамките на обуките за компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, сите учесници добиваат прирачник по соодветниот предмет, коишто можат да им служат како помагала при реализацијата на наставата. Со оглед дека дел од наставниците предаваат повеќе од еден предмет, преку овој блог ќе им биде овозможено да ја добијат електронската верзија од прирачниците и за предметите за кои не биле на обука. Прирачниците се достапни и на македонски и на албански јазик, па со кликнување врз некој од линковите подолу го избирате јазикот на кој е напишан прирачникот, а потоа можете да го симнете бараниот прирачник според предметот.

Прирачници на македонски јазик

Прирачници на албански јазик

Исто така, во овој дел од веб страницата на Проектот за основно образование можете да симнете и видео снимки од наставни часови и дневни подготовки за наставен час поврзани со компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, како и материјали во електронска верзија коишто се поврзани со компонентата за Унапредување на оценувањето.

четврток, 11 септември 2008 г.

Моменти од обуките






Атмосферата за време на обуките по математика и физика, коишто се одржаа во текот на месец Август во Скопје.

Обуките во полн ек

Во текот на месец август се одржаа сите претходно закажани обуки, а во меѓувреме се закажаа и одржаа и 3 обуки на албански јазик во периодот од 27-30 Август во Тетово и тоа 2 обуки по математика и 1 обука по физика. Исто така, се одржаа и 2 обуки на македонски јазик:26-27 обука по физика во Струга и 5-6 Септември обука по хемија во Битола.
Престојниве денови, поточно 12-13 Септември во Виница, пак се закажани и првите обуки во рамките на регионот Исток. Предвидено е да се одржат обуки за наставниците по математика и физика од тој регион.
За подобра прегледност на динамиката на одржување на обуките ви препорачуваме да го симнете најновиот распоред на одржаните, закажаните и предвидените обуки.

четврток, 21 август 2008 г.

Закажани нови обуки

Во текот на месец август предвидено е да се одржат неколку обуки во рамките на Фаза 2. На 21 и 22 Август во Струга во основното училиште "Браќа Миладиновци" ќе се одржат 3 обуки на албански јазик по математика, хемија и биологија. Во периодот 25 - 27 Август во Скопје планирано е да се одржат 2 обуки на македонски јазик и тоа обука по математика на 25 и 26 Август и обука по физика на 26 и 27 Август. Овие обуки ќе се одржат во просториите на средното угостителско училишта "Лазар Танев" во Скопје. Кликнете овде ако сакате да го симнете најновиот распоред со сите одржани, закажани и предвидени обуки.

петок, 8 август 2008 г.

РАСПОРЕД НА ОБУКИ ЗА ФАЗА 2

Во рамките на Фаза 2 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 55 дводневни обуки. Досега се одржаа 9 обуки, а во наредниот период предвидено е да се одржат и преостанатите 46 обуки. Во РАСПОРЕДОТ можете да ги видите предметот на обуката, датата и местото на одржување, бројот на пријавени наставници коишто би требало да ја следат обуката во рамките на соодветниот регион, предмет и наставен јазик, како и бројот на наставници и педагози кои присуствувале на веќе одржаните обуки. Предвидено е на една од обуките по природни науки (хемија, физика, биологија или географија), во рамките на соодветниот регион за обука и на мајчиниот јазик, да присуствува и по еден претставник од стручната служба (педагог или психолог), со цел и тие да бидат запознаени со новините со коишто се сретнуваат наставниците. Притоа, се препорачува тие да присуствуваат на обуките по физика или хемија, поради помалиот број на учесници, а со цел да не се нарушува компактноста на групите.

Секако, главната намена на РАСПОРЕДОТ ќе биде тоа што редовно ќе се надополнува со информации за датата и местото на одржување на некоја од преостанатите обуки, откако истие ќе бидат дефинирани. Закажаните обуки ќе бидат затемнети со соодветна боја за подобар преглед.

Исто така, од оваа табела можете да го забележите групирањето на некои региони според начинот на којшто ќе бидат организирани обуките со цел за покомпактност на групите за обука. Во продолжение можете да ги симнете списоците на училишта кои спаѓаат во рамките на предвидените групи за обуки нааведени во РАСПОРЕДОТ.

ПЕЛАГОНИЈА (МАКЕДОНСКИ)

ЈУГОЗАПАД + ПЕЛАГОНИЈА (АЛБАНСКИ)

ПОЛОГ

СКОПЈЕ (МАКЕДОНСКИ)

ИСТОК

ЈУГОИСТОК + ВАРДАР

СЕВЕРОИСТОК + СКОПЈЕ (АЛБАНСКИ)

Во овие списоци училиштата кај кои бројот 2 е затемнет со зелена боја значи дека тие се вклучени и во компонентата за Подобрување на оценувањето и во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , додека пак училиштата кај кои бројот 2 е затемнет со црвена боја се вклучени само во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки . Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следи и на албански наставен јазик

Се надеваме на успешна соработка.

вторник, 5 август 2008 г.

Слики од обуките во рамките на Фаза 2




















Список Фаза 2 123 училишта

Кликнете овде ако сакате да го симнете списокот на училиштата вклучени во Фаза 2 во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети.

петок, 25 јули 2008 г.

123 Нови училишта вклучени во ПЕП/ Компонентата за унапредување на наставата по математика и природна група предмети

Во текот на месец Март 2008, беа избрани 123 училишта кои ќе бидат вклучени во рамките втората фаза од ПЕП/Компонентата за унапредување на наставата по математика и природна група предмети.

Изборот на училиштата беше направен врз основа на утврдени критериуми (број на наставници по математика и природна група предмети, достапност и ниво на опременост на училишните лаборатории, регионална застапеност и застапеност според наставниот јазик). Притоа, овие 123 училишта од втората фаза се групирани околу 25-те училишта од Фаза 1, формирајќи "гроздови" на регионално ниво, каде што се применуваат нови наставни методи и техники за учење.

понеделник, 17 март 2008 г.

Faza 2

Vtorata faza pocnuva naskoro.