понеделник, 31 август 2009 г.
КОНЕЧЕН РАСПОРЕД ЗА ФАЗА 3
Со новиот циклус на обуки, во кој уште еднаш ќе бидат повикани на обука сите наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија, ќе започнеме при крајот на месец Ноември.
ПЕП тимот на Компонентата за унапредување на наставата по математика и природна група предмети, Ви посакува успешна учебна 2009/2010 година.
четврток, 9 април 2009 г.
Започнуваат обуките од Фаза 3
Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на општините во региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.
Од табелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот и јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите
Tабелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.
Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик
Се надеваме на успешна соработка.
среда, 18 март 2009 г.
ПИТАГОРОВА ТЕОРЕМА низ песна
Учениците беа ангажирани со манипулативни активности во откривањето на теоремата, преку песна ја научија, а под водство на наставничката по информатика Ирина Иванова шестооделенците Давид Малинковски и Никола Торбoвски направија анимација на теоремата.
Подолу погледнете видео-клип со песната, видео-клип со анимацијата и фотографии од активностите на учениците.
вторник, 10 март 2009 г.
ФАЗА 3 ОД КОМПОНЕНТАТА
Планирано е обуките да започнат во месец Април и да траат до Септември. Ве повикуваме почесто да го посетувате нашиов блог, каде ќе можете да се информирате за планираните и закажаните обуки.
Начинот на кој планираме да Ве известуваме и да комуницираме можете да го забележите ако ги погледнете претходните информации на блогов, кои најчесто беа наменети за училиштата вклучени во Фаза 2.
Кликнете овде за да го симнете списокот на 182 училишта вклучени во Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.
Се надеваме на успешна соработка.
понеделник, 9 февруари 2009 г.
Вклучете се на ПЕП натпреварот “Еколошка машина која пренесува енергија“
Проектот за основно образование организира натпревар меѓу училиштата за изготвување “Еколошка машина која пренесува енергија“ .
Покануваме тимови составени од 10-12 ученици, водени од наставник по физика и и уште еден наставник од Вашето училиште да осмислат и изградат “Еколошка машина која пренесува енергија“. За наставниците по физика од училиштата коишто ќе се пријават на натпреварот ќе организираме еднодневна обука.
Изготвените машини ќе бидат вреднувани од ПЕП комисија и најдобрите тимови на регионално ниво ќе бидат поканети да ги претстават своите машини на информативната регионална кампања која ПЕП ќе ја организира во април.
Кликнете овде за симнување на подетални информации за натпреварот, а кликнете овде за да го преземете формуларот за пријавување
Секое училиште може да се пријави со еден тим. Пријавите испратете ги по електронска пошта на адрeсите наведени во пријавата. Краен рок за доставување на пријавите е 16. февруари.
Фотографии и видео-клип од пилотирањето на оваа активност во основното училиште “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје, може да видите подолу.
среда, 24 декември 2008 г.
“Еколошка движечка машина”
Во периодот од 17 до 23 декември, д-р Џеф Новак од универзитетот во Индијана повторно беше во Македонија. Покрај активностите со дел од обучувачите по физика, советници од Бирото за развој на образованието, под негово водство се реализира активност за изработување на “Еколошка движечка машина”.






вторник, 23 декември 2008 г.
Втората фаза пред крај
Кликнете овде за да го симнете распоредот, каде што можете да го видите конечниот изглед на сите досега одржани обуки.
Со ова ќе биде завршена втората фаза, а веќе почнаа подготовките и за третата фаза, каде ќе бидат вклучени сите останати училишта во Република Македонија, кои досега не беа дел од првата или втората фаза.
четврток, 11 декември 2008 г.
Распоред со најнови информации
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
среда, 26 ноември 2008 г.
Известување за распоред на обуките
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
понеделник, 17 ноември 2008 г.
Најнова информација
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
среда, 12 ноември 2008 г.
Најнов распоред на обуки
вторник, 11 ноември 2008 г.
е-Вести за компонентата
Овие ПЕП е-Вести се однесуваат на активностите на компонентата Унапредување на наставата по
Кликнете овде да го симнете првото издание на е-Вестите на македонски јазик.
Кликнете овде да го симнете првото издание на е-Вестите на албански јазик.
среда, 5 ноември 2008 г.
3 oбуки во регионот Североисток
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
понеделник, 3 ноември 2008 г.
Дефинирани уште 3 термини за обуки
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
четврток, 30 октомври 2008 г.
Закажани 5 обуки во регионот Североисток
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
понеделник, 27 октомври 2008 г.
Најнова информација
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
петок, 24 октомври 2008 г.
Надополнета информација
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
вторник, 21 октомври 2008 г.
Моменти од обуката за обучувачи по математика





среда, 15 октомври 2008 г.
Закажани уште 2 обуки по географија
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
понеделник, 13 октомври 2008 г.
Дефинирани уште 2 термини
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
вторник, 7 октомври 2008 г.
Нов распоред на обуки
Кликнете овде за да го симнете распоредот, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.
Трета обука за обучувачи по математика
Во рамките на УСАИД Проектот за основно образование (ПЕП), компонентата Унапредување на наставата по математика и природна група предмети организираме трета обука за обучувачи и ментори за воведување и користење современи форми и методи во наставата по математика.
Обуката ќе ја реализира нашиoт консултант од Универзитетот во Индијана, Проф. Д-р Катерин Браун, професор по методика на наставничкиот факултет во Блумингтон.
Оваа обука ја организираме во Хотел „Романтик“ во Велес на 15 и 16 октомври 2008 .
Вкупниот број на поканети учесници на обуката изнесува 27, меѓу кои советниците од Бирото за развој на образованието, професори и асистенти по методика на наставата по математика од наставничките факултети во Република Македонија и истакнати наставници обучувачи и ментори по математика.
среда, 24 септември 2008 г.
Најнова информација за планираните активности
понеделник, 15 септември 2008 г.
Електронски верзии од прирачниците за обука
Прирачници на македонски јазик
Прирачници на албански јазик
Исто така, во овој дел од веб страницата на Проектот за основно образование можете да симнете и видео снимки од наставни часови и дневни подготовки за наставен час поврзани со компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, како и материјали во електронска верзија коишто се поврзани со компонентата за Унапредување на оценувањето.








