Целта на формирањето на овие клубови беше, на учениците да им се понуди можност да работат на активности, кои го прошируваат и збогатуваат нивното искуство стекнато за време на часовите по математика и природните науки. НАУК им овозможува на учениците да ги истражуваат и откриваат природно-научните предмети во поинаква, стимулирачка околина, заедно до други ученици заинтересирани за природни науки, без ограничување од наставниот план или распоредот на часовите. Освен наведеното, учениците и нивните наставници од клубот имаат можност заедно да работат и да истражуваат различни идеи и активности.
Притоа, беа формирани 30 тима, под раководство на 44 наставници од 22 училишта. После неколкумесечната работа, беа организирани и настани за презентација на изработките на учениците, во рамките на клубовите. Презентациите се одржаа во Велес, Скопје и Битола, на 26 Мај, 1 и 2 Јуни. Генералниот заклучок од сите настани беше дека, учениците и наставниците успешно си ја завршиле работата, изработиле одлични проекти, коишто знаеја и многу стручно да ги објаснат, пред огромниот аудиториум што ги следеше нивните излагања.
После презентирањето на проектите, на наставниците и учениците им беа доделени сертификати.
Ја користиме оваа пригода, на наставниците и учениците, кои ги раководеа и членуваа во НАУК тимовите, уште еднаш јавно да им се заблагодариме, за одвоеното време и за вложениот труд.
Воедно, на сите наставници и ученици од Република Македонија, Ви честитаме за успешно завршената учебна година и Ви посакуваме пријатен летен одмор.




Нема коментари:
Објави коментар