среда, 24 декември 2008

“Еколошка движечка машина”

Во периодот од 17 до 23 декември, д-р Џеф Новак од универзитетот во Индијана повторно беше во Македонија. Покрај активностите со дел од обучувачите по физика, советници од Бирото за развој на образованието, под негово водство се реализира активност за изработување на Еколошка движечка машина”.

Имено, 20 ученици од основното училиште Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, заедно со наставниците по физика и техничко образование, на 19 декември работеа околу 5 саати на изготвување на машината”, составена од 5 дела, низ која поминува механичката енергија за однапред дадено време. На фотографиите може да се види процесот на изработка на деловите на машината и целата машина, додека на видео-клипот може да се види како функционираше Еколошката движечка машина.































































вторник, 23 декември 2008

Втората фаза пред крај

Престојниот викенд во Куманово ќе се одржи и последната обука во рамките втората фаза од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети. Тоа ќе биде обука по географија на албански јазик за наставниците од Скопје и Североисточен регион.
Кликнете овде за да го симнете распоредот, каде што можете да го видите конечниот изглед на сите досега одржани обуки.
Со ова ќе биде завршена втората фаза, а веќе почнаа подготовките и за третата фаза, каде ќе бидат вклучени сите останати училишта во Република Македонија, кои досега не беа дел од првата или втората фаза.

четврток, 11 декември 2008

Распоред со најнови информации

До крајот на втората фаза од реализацијата на обуките во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, останаа уште 9 обуки. Од нив за време на престојниот викенд предвидено е да се одржат 7 обуки. Едната од преостанатите 2 обуки по географија на албански јазик ќе се одржи за време на следниот викенд 19-20 Декември, додека последната обука, ќе се одржи за време на зимскиот распуст, а терминот дополнително ќе биде објавен.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.