среда, 18 март 2009

ПИТАГОРОВА ТЕОРЕМА низ песна

Учениците од седмо одделение во Основното училиште 11 Октомвриво Скопје водени од наставникот по математика Јордан Дудески и наставникот по музика Звонимир Атанасов ја открија и ја научија питагоровата теорема.

Учениците беа ангажирани со манипулативни активности во откривањето на теоремата, преку песна ја научија, а под водство на наставничката по информатика Ирина Иванова шестооделенците Давид Малинковски и Никола Торбoвски направија анимација на теоремата.

Подолу погледнете видео-клип со песната, видео-клип со анимацијата и фотографии од активностите на учениците.



вторник, 10 март 2009

ФАЗА 3 ОД КОМПОНЕНТАТА

При крај се подготовките за отпочнување на обуките со училиштата од Фаза 3. Во овие обуки Во Фаза 3 се вклучени останатите 182 училишта коишто досега не беа опфатени во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.
Планирано е обуките да започнат во месец Април и да траат до Септември. Ве повикуваме почесто да го посетувате нашиов блог, каде ќе можете да се информирате за планираните и закажаните обуки.

Начинот на кој планираме да Ве известуваме и да комуницираме можете да го забележите ако ги погледнете претходните информации на блогов, кои најчесто беа наменети за училиштата вклучени во Фаза 2.

Кликнете овде за да го симнете списокот на 182 училишта вклучени во Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.

Се надеваме на успешна соработка.