вторник, 3 август 2010

ДЕФИНИРАНИ 2 ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, одложената обука по Географија, што требаше да се одржи на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, закажана е да се одржи на 25 Август, во ОУ Вук Караџиќ-Куманово. Истиот ден, 25 Август ќе се одржи и обуката по Географија, за наставниците од општина Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 66 обуки, а дефинирани се термините за 2 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Август, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 10 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.