четврток, 31 декември 2009

ОДРЖАНИ ПРВИТЕ 3 ОБУКИ ОД НОВИОТ ЦИКЛУС

Во саботата на 26.12.2009, во просториите на основното училишта Јан Амос Коменски во Скопје, официјално стартуваа обуките од вториот циклус во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки. Реализцијата на првите 3 обуки по физика, хемија и биологија, ги потврдија нашите очекувања дека пред нас претстои еден нов циклус на обуки, во кои наставниците ќе бидат инволвирани во интересни активности и предизвици, кои подоцна на ист или сличен начин можат да бидат реализирани со учениците.

На обуките по физика, хемија и биологија ќе бидат опфатени следниве теми:

· Вештините по природни науки 21-век

· Учење преку проекти/проблеми

· Експерименти во наставата


На обуките по географија ќе бидат опфатени следниве теми:

· Вештините по географија на 21-век

· Учење преку проекти/проблеми

· Техники на кооперативно учење


На обуките по математика ќе бидат опфатени следниве теми:

· Учење преку проекти/проблеми

· Стратегии за решавање математички задачи

· Приоди и техники за учење на 21-от век


Во меѓувреме, дефиниран e терминот за обуката по хемија, за наставниците на македонски јазик во Струга. Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред за Циклус 2.


ПЕП тимот на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, Ви ги честита Новогодишните празници и Ви посакува многу здравје, среќа и успех во работата во Новата 2010 година.


среда, 23 декември 2009

ЗАПОЧНУВА ВТОРИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ

Во рамките на вториот циклус од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 104 еднодневни обуки, на коишто ќе бидат поканети наставниците по математика, физика, хемија, биологија и географија од сите основни училишта во државата.

Пристапот на организирање на обуките во овој циклус ќе биде различен од претходниот, во тоа што сега училиштата нема да бидат вклучувани постепено (по Фази), туку сите училишта се вклучуваат уште од самиот почеток.


Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на општините по региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.

Од табелата РАСПОРЕД ЦИКЛУС 2 ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот, јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за
местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите. Оваа табела се однесува само на обуките кои се предвидени да се одржат до Септември 2010. Оваа табела постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.

Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик.