вторник, 15 јуни 2010

ОДЛОЖЕНА ЕДНА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, одложена е обуката по Географија, што требаше да се одржи на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, во ОУ Вук Караџиќ-Куманово. Оваа обука ќе се одржи во текот на Август.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 12 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 13 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 9 јуни 2010

И УШТЕ 2 НОВИ ТЕРМИНИ ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беа дефинирани уште 2 нови термини за обуки:
1. Географија, на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, што ќе се одржи во ОУ Вук Караџиќ-Куманово и

2. Математика, на 17.06.2010, за наставниците од регионот Вардар, што ќе се одржи во ресторан Снупи-Велес.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 13 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 12 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 8 јуни 2010

УШТЕ ЕДЕН НОВ ТЕРМИН ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беше дефиниран уште 1 нов термин за обука, по Математика, на 22.06.2010, за наставниците од регионот Југоисток, што ќе се одржи во ОУ Сандо Масев - Струмица.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 11 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 14 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 7 јуни 2010

Научни ученички клубови (НАУК)

Во текот на месец Март, во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , беше објавен повик за наставниците по математика и природни науки, да формираат т.н. Научни ученички клубови (НАУК).

Целта на формирањето на овие клубови беше, на учениците да им се понуди можност да работат на активности, кои го прошируваат и збогатуваат нивното искуство стекнато за време на часовите по математика и природните науки. НАУК им овозможува на учениците да ги истражуваат и откриваат природно-научните предмети во поинаква, стимулирачка околина, заедно до други ученици заинтересирани за природни науки, без ограничување од наставниот план или распоредот на часовите. Освен наведеното, учениците и нивните наставници од клубот имаат можност заедно да работат и да истражуваат различни идеи и активности.

Притоа, беа формирани 30 тима, под раководство на 44 наставници од 22 училишта. После неколкумесечната работа, беа организирани и настани за презентација на изработките на учениците, во рамките на клубовите. Презентациите се одржаа во Велес, Скопје и Битола, на 26 Мај, 1 и 2 Јуни. Генералниот заклучок од сите настани беше дека, учениците и наставниците успешно си ја завршиле работата, изработиле одлични проекти, коишто знаеја и многу стручно да ги објаснат, пред огромниот аудиториум што ги следеше нивните излагања.
После презентирањето на проектите, на наставниците и ученици
те им беа доделени сертификати.

Ја користиме оваа пригода, на наставниците и учениците, кои ги раководеа и членуваа во НАУК тимовите, уште еднаш јавно да им се заблагодариме, за одвоеното време и за вложениот труд.

Воедно, на сите наставници и ученици од Република Македонија, Ви честитаме за успешно завршената учебна година и Ви посакуваме пријатен летен одмор.

НОВ ТЕРМИН ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беше дефиниран уште 1 нов термин за обука, по Географија, на 17.06.2010, за наставниците од регионот Југоисток.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 10 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 15 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

четврток, 3 јуни 2010

НАЈНОВ РАСПОРЕД

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беа дефинирани уште 6 нови термини за обука, сите за во регионот Исток.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 49 обуки, а дефинирани се термините за 13 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 16 термини.