петок, 28 јануари 2011

Дополнителни групи за обука

Сите предвидени обуки од вториот циклус, во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, во текот на месец Јануари се реализираа според планираната динамика. Во меѓувреме дефиниран е терминот и за последната преостаната обука од Циклус 2, а тоа е: обуката по географија, на македонски јазик, за наставниците од регионот Вардар, што ќе се одржи на 5 Февруари во Велес.
Освен тоа, работевме и на прибирање на податоците за сите наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија, коишто од разни причини не следеле некоја од обуките во компонентата, од првиот или од вториот циклус. Ако некој насатвник по горенаведените предмети, не е консултиран, во врска со тоа дали следел обуки од компонентата или не, нека испрати е-маил на isasanski@pep.org.mk, за да го планираме во соодветната група за обука.
Наскоро, по комплетирањето на сите податоци ќе биде објавен и распоредот за дополнителните групи за обука, а веќе се одржаа и некои обуки.
Подолу се наведени сите обуки, коишто досега се одржаа во текот на месец Февруари:

05
Февруари Обука од втор циклус по биологија, на македонски јазик, во Велес

05 Февруари Обука од втор циклус по математика, на македонски јазик, во Скопје

12-13 Февруари Обука од прв циклус по математика, на македонски јазик, во Скопје

11-12 Февруари Обука од прв циклус по математика, на албански јазик, во Скопје

13 Февруари Обука од втор циклус по математика, на албански јазик, во Скопје

12 Февруари Обука од втор циклус по математика, на македонски јазик, во Струга