среда, 24 ноември 2010

Известување за наставниците по биологија и географија од Скопје

За разлика од претходниот распоред, во меѓувреме дојде до промена на 2 термини за обука. Имено, обуките по географија и биологија, на македонски јазик што требаше да се одржат на 27.11.2010 во Скопје, се поместени да се одржат на 11.12.2010, во основното училиште "Димитар Миладинов" - Скопје, со почеток во 9 часот. Ја користиме оваа прилика, да ги известиме сите наставници по биологија и географија, од регионот Скопје, кои не присуствувале на обуките од вториот циклус, дека можат да земат учество на овие обуки.

Во рамките на вториот дел од
реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 22 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, кои треба да се одржат во текот на Ноември и Декември, a остануваат да се дефинираат уште 7 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

четврток, 18 ноември 2010

НАЈНОВ РАСПОРЕД

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 18 обуки, дефинирани се термините за 7 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Ноември, a остануваат да се дефинираат уште 7 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

вторник, 9 ноември 2010

Бидете ко-автор на збирка од примери на добра пракса

Проектот на УСАИД за основно образование објавува повик до сите наставниците од основното образование да достават примери од реализирани часови. Доставените примери ќе бидат разгледани од комисија во рамките на проектот. Примерите, што ги исполнуваат критериумите за иновативен приод во наставата насочена кон ученикот ќе бидат објавени во печатена форма и во електронска форма на CD.


Секој пример ќе биде објавен со име и презиме на наставникот – автор.


Ова е уште една можност за Ваше промовирање како иновативните наставници кои сакаат да ги споделат своите успешни наставни часови, на кои користеле современи методи и техники на поучување, во кои оценувањето било интегрален дел, и заедно со учениците користеле различни наставни средства, прирачни материјали и технологија.


За детални информации во врска со подготовката и доставувањето на материјалите, како и примери од реализирани часови подготвени според образецот кликнете на овој линк http://www.pep.org.mk/mk/matematika/konkurs/konkurs.html (за информации на македонски јазик) и на линкот http://www.pep.org.mk/al/math/konkurs/konkurs.html (за детални информации на албански јазик).


Конкурсот трае до 31 декември 2010.


Ваш ПЕП тим за компонентата

четврток, 4 ноември 2010

НОВ РАСПОРЕД

Од претходниот напис до сега, дефинирани се 4 термини за обука, така што во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 12 обуки, дефинирани се термините за 8 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Ноември, a остануваат да се дефинираат уште 13 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.