четврток, 9 април 2009

Започнуваат обуките од Фаза 3

Во рамките на Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 54 дводневни обуки за училиштата вклучени во Фаза 3. Досега се одржаa 47 обуки, а дефинирани се термините за останатите 7 обуки, кои ќе се одржат до крајот на Септември.
Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на
општините во региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.
Од табелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот и јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за
местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите

Tабелата
ФАЗА 3 РАСПОРЕД постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.

Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик

Се надеваме на успешна соработка.