четврток, 21 август 2008

Закажани нови обуки

Во текот на месец август предвидено е да се одржат неколку обуки во рамките на Фаза 2. На 21 и 22 Август во Струга во основното училиште "Браќа Миладиновци" ќе се одржат 3 обуки на албански јазик по математика, хемија и биологија. Во периодот 25 - 27 Август во Скопје планирано е да се одржат 2 обуки на македонски јазик и тоа обука по математика на 25 и 26 Август и обука по физика на 26 и 27 Август. Овие обуки ќе се одржат во просториите на средното угостителско училишта "Лазар Танев" во Скопје. Кликнете овде ако сакате да го симнете најновиот распоред со сите одржани, закажани и предвидени обуки.

петок, 8 август 2008

РАСПОРЕД НА ОБУКИ ЗА ФАЗА 2

Во рамките на Фаза 2 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 55 дводневни обуки. Досега се одржаа 9 обуки, а во наредниот период предвидено е да се одржат и преостанатите 46 обуки. Во РАСПОРЕДОТ можете да ги видите предметот на обуката, датата и местото на одржување, бројот на пријавени наставници коишто би требало да ја следат обуката во рамките на соодветниот регион, предмет и наставен јазик, како и бројот на наставници и педагози кои присуствувале на веќе одржаните обуки. Предвидено е на една од обуките по природни науки (хемија, физика, биологија или географија), во рамките на соодветниот регион за обука и на мајчиниот јазик, да присуствува и по еден претставник од стручната служба (педагог или психолог), со цел и тие да бидат запознаени со новините со коишто се сретнуваат наставниците. Притоа, се препорачува тие да присуствуваат на обуките по физика или хемија, поради помалиот број на учесници, а со цел да не се нарушува компактноста на групите.

Секако, главната намена на РАСПОРЕДОТ ќе биде тоа што редовно ќе се надополнува со информации за датата и местото на одржување на некоја од преостанатите обуки, откако истие ќе бидат дефинирани. Закажаните обуки ќе бидат затемнети со соодветна боја за подобар преглед.

Исто така, од оваа табела можете да го забележите групирањето на некои региони според начинот на којшто ќе бидат организирани обуките со цел за покомпактност на групите за обука. Во продолжение можете да ги симнете списоците на училишта кои спаѓаат во рамките на предвидените групи за обуки нааведени во РАСПОРЕДОТ.

ПЕЛАГОНИЈА (МАКЕДОНСКИ)

ЈУГОЗАПАД + ПЕЛАГОНИЈА (АЛБАНСКИ)

ПОЛОГ

СКОПЈЕ (МАКЕДОНСКИ)

ИСТОК

ЈУГОИСТОК + ВАРДАР

СЕВЕРОИСТОК + СКОПЈЕ (АЛБАНСКИ)

Во овие списоци училиштата кај кои бројот 2 е затемнет со зелена боја значи дека тие се вклучени и во компонентата за Подобрување на оценувањето и во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , додека пак училиштата кај кои бројот 2 е затемнет со црвена боја се вклучени само во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки . Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следи и на албански наставен јазик

Се надеваме на успешна соработка.

вторник, 5 август 2008

Слики од обуките во рамките на Фаза 2




















Список Фаза 2 123 училишта

Кликнете овде ако сакате да го симнете списокот на училиштата вклучени во Фаза 2 во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети.