четврток, 31 декември 2009

ОДРЖАНИ ПРВИТЕ 3 ОБУКИ ОД НОВИОТ ЦИКЛУС

Во саботата на 26.12.2009, во просториите на основното училишта Јан Амос Коменски во Скопје, официјално стартуваа обуките од вториот циклус во рамките на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки. Реализцијата на првите 3 обуки по физика, хемија и биологија, ги потврдија нашите очекувања дека пред нас претстои еден нов циклус на обуки, во кои наставниците ќе бидат инволвирани во интересни активности и предизвици, кои подоцна на ист или сличен начин можат да бидат реализирани со учениците.

На обуките по физика, хемија и биологија ќе бидат опфатени следниве теми:

· Вештините по природни науки 21-век

· Учење преку проекти/проблеми

· Експерименти во наставата


На обуките по географија ќе бидат опфатени следниве теми:

· Вештините по географија на 21-век

· Учење преку проекти/проблеми

· Техники на кооперативно учење


На обуките по математика ќе бидат опфатени следниве теми:

· Учење преку проекти/проблеми

· Стратегии за решавање математички задачи

· Приоди и техники за учење на 21-от век


Во меѓувреме, дефиниран e терминот за обуката по хемија, за наставниците на македонски јазик во Струга. Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред за Циклус 2.


ПЕП тимот на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки, Ви ги честита Новогодишните празници и Ви посакува многу здравје, среќа и успех во работата во Новата 2010 година.


среда, 23 декември 2009

ЗАПОЧНУВА ВТОРИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ

Во рамките на вториот циклус од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 104 еднодневни обуки, на коишто ќе бидат поканети наставниците по математика, физика, хемија, биологија и географија од сите основни училишта во државата.

Пристапот на организирање на обуките во овој циклус ќе биде различен од претходниот, во тоа што сега училиштата нема да бидат вклучувани постепено (по Фази), туку сите училишта се вклучуваат уште од самиот почеток.


Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на општините по региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.

Од табелата РАСПОРЕД ЦИКЛУС 2 ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот, јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за
местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите. Оваа табела се однесува само на обуките кои се предвидени да се одржат до Септември 2010. Оваа табела постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.

Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик.

вторник, 13 октомври 2009

КОМПЛЕТИРАН ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ

ПЕП компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ги реализираше сите 54 групи за обука, кои беа предвидени во рамките на Фаза 3. Со тоа истовремено заврши и првиот циклус на обуки, во кој беа опфатени преку 2000 наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија од сите основни училишта во Република Македонија.

На сите наставници кои присуствуваа на овие обуки, им Благодариме за интересот што го покажаа и за активното учество во работилниците. Оние наставници, кои од било какви причини не беа во можност да ја посетат обуката по нивниот предмет, можат од блогов да го симнат прирачникот од нивниот предмет и да се запознаат со обработуваните содржини.

Се повикуваат сите наставници коишто присуствуваа на обуките за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, да почнат со подготовка и реализација на наставата на таков начин што ќе ги води кон добивање ПЕП сертификат за обучени наставници. Повеќе информации и инструменти за начинот и постапките за добивање на ваквиот сертификат можете да најдете на следниов линк: Процедура за сертификација и мониторинг.

При крајот на месец Ноември, ќе започнеме со новиот циклус на обуки, во кој уште еднаш ќе бидат повикани на обука сите наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија (без разлика дали посетиле обука во рамките на првиот циклус).

понеделник, 31 август 2009

КОНЕЧЕН РАСПОРЕД ЗА ФАЗА 3

КЛИКНЕТЕ ОВДЕ за да го симнете конечниот распоред на обуки од Фаза 3, каде што има информации за досегашниот тек на обуките и за закажаните обуки до крајот на оваа Фаза. Од предвидените 54 обуки во Фаза 3, досега се одржаа 50 обуки, а за останатите 4 обуки термините се дефинирани и ќе се одржат до крајот на месец Септември.

Со новиот циклус на обуки, во кој уште еднаш ќе бидат повикани на обука сите наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија, ќе започнеме при крајот на месец Ноември.

ПЕП тимот на Компонентата за унапредување на наставата по математика и природна група предмети, Ви посакува успешна учебна 2009/2010 година.

четврток, 9 април 2009

Започнуваат обуките од Фаза 3

Во рамките на Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 54 дводневни обуки за училиштата вклучени во Фаза 3. Досега се одржаa 47 обуки, а дефинирани се термините за останатите 7 обуки, кои ќе се одржат до крајот на Септември.
Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на
општините во региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.
Од табелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот и јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за
местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите

Tабелата
ФАЗА 3 РАСПОРЕД постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.

Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик

Се надеваме на успешна соработка.

среда, 18 март 2009

ПИТАГОРОВА ТЕОРЕМА низ песна

Учениците од седмо одделение во Основното училиште 11 Октомвриво Скопје водени од наставникот по математика Јордан Дудески и наставникот по музика Звонимир Атанасов ја открија и ја научија питагоровата теорема.

Учениците беа ангажирани со манипулативни активности во откривањето на теоремата, преку песна ја научија, а под водство на наставничката по информатика Ирина Иванова шестооделенците Давид Малинковски и Никола Торбoвски направија анимација на теоремата.

Подолу погледнете видео-клип со песната, видео-клип со анимацијата и фотографии од активностите на учениците.



вторник, 10 март 2009

ФАЗА 3 ОД КОМПОНЕНТАТА

При крај се подготовките за отпочнување на обуките со училиштата од Фаза 3. Во овие обуки Во Фаза 3 се вклучени останатите 182 училишта коишто досега не беа опфатени во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.
Планирано е обуките да започнат во месец Април и да траат до Септември. Ве повикуваме почесто да го посетувате нашиов блог, каде ќе можете да се информирате за планираните и закажаните обуки.

Начинот на кој планираме да Ве известуваме и да комуницираме можете да го забележите ако ги погледнете претходните информации на блогов, кои најчесто беа наменети за училиштата вклучени во Фаза 2.

Кликнете овде за да го симнете списокот на 182 училишта вклучени во Фаза 3 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки.

Се надеваме на успешна соработка.

понеделник, 9 февруари 2009

Вклучете се на ПЕП натпреварот “Еколошка машина која пренесува енергија“

Проектот за основно образование организира натпревар меѓу училиштата за изготвување Еколошка машина која пренесува енергија.

Покануваме тимови составени од 10-12 ученици, водени од наставник по физика и и уште еден наставник од Вашето училиште да осмислат и изградат Еколошка машина која пренесува енергија. За наставниците по физика од училиштата коишто ќе се пријават на натпреварот ќе организираме еднодневна обука.

Изготвените машини ќе бидат вреднувани од ПЕП комисија и најдобрите тимови на регионално ниво ќе бидат поканети да ги претстават своите машини на информативната регионална кампања која ПЕП ќе ја организира во април.

Кликнете овде за симнување на подетални информации за натпреварот, а кликнете овде за да го преземете формуларот за пријавување

Секое училиште може да се пријави со еден тим. Пријавите испратете ги по електронска пошта на адрeсите наведени во пријавата. Краен рок за доставување на пријавите е 16. февруари.

Фотографии и видео-клип од пилотирањето на оваа активност во основното училиште Христијан Тодоровски Карпошво Скопје, може да видите подолу.