вторник, 13 октомври 2009

КОМПЛЕТИРАН ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ОБУКИ

ПЕП компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ги реализираше сите 54 групи за обука, кои беа предвидени во рамките на Фаза 3. Со тоа истовремено заврши и првиот циклус на обуки, во кој беа опфатени преку 2000 наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија од сите основни училишта во Република Македонија.

На сите наставници кои присуствуваа на овие обуки, им Благодариме за интересот што го покажаа и за активното учество во работилниците. Оние наставници, кои од било какви причини не беа во можност да ја посетат обуката по нивниот предмет, можат од блогов да го симнат прирачникот од нивниот предмет и да се запознаат со обработуваните содржини.

Се повикуваат сите наставници коишто присуствуваа на обуките за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, да почнат со подготовка и реализација на наставата на таков начин што ќе ги води кон добивање ПЕП сертификат за обучени наставници. Повеќе информации и инструменти за начинот и постапките за добивање на ваквиот сертификат можете да најдете на следниов линк: Процедура за сертификација и мониторинг.

При крајот на месец Ноември, ќе започнеме со новиот циклус на обуки, во кој уште еднаш ќе бидат повикани на обука сите наставници по математика, физика, хемија, биологија и географија (без разлика дали посетиле обука во рамките на првиот циклус).