понеделник, 25 јануари 2010

ДЕФИНИРАНИ 6 ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ

Во рамките на вториот циклус од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природна група предмети, досега се одржаа 4 обуки, а потврдени се термините за уште 6 групи.

Во меѓувреме, на 15 Јануари, беше одржана и работилница со обучувачите по математика, како последна подготовка пред отпочнувањето на обуките со наставниците по математика.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.