среда, 29 септември 2010

ДЕФИНИРАНИ СЕ 9 ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ ВО ОКТОМВРИ

Во рамките на вториот дел од реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 2 обуки, дефинирани се термините за 9 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Октомври, a остануваат да се дефинираат уште 23 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 20 септември 2010

РАСПОРЕД НА ОБУКИ ДО КРАЈ НА ЦИКЛУС 2

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 72 обуки, од предвидените вкупно 105 групи за обука. Распоредот за одржаните 72 обуки, веќе нема да биде објавуван.

Од сега, па до крајот на Циклус 2, ќе биде ажуриран овој распоред, каде што се поместени информации за вкупно 33 обуки, кои треба да се реализираат во периодот од крајот на Септември 2010 до крајот на Март 2011. Засега, дефинирани се термините за 2 обуки, кои треба да се одржат
во текот на месец Септември, a останува да се дефинира уште 31 термин.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

понеделник, 6 септември 2010

НОВ РАСПОРЕД

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 70 обуки, а дефинирани се термините за 4 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Септември, a остануваат да се дефинираат уште 4 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

среда, 1 септември 2010

УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА

Почитувани колеги наставници,

Со задоволство Ви го честитаме почетокот на учебната 2010-2011 година. Ви посакуваме многу успех во работата, интересни содржини, наставни часови и проекти со учениците што ќе придонесе за постигање повисоки резултати.

Проектот за основно образование, и оваа учебна година ќе продолжи да доделува сертификати на наставниците коишто предаваат математика, физика, хемија, биологија и географија. Затоа, Ве покануваме да разговарате со стручната служба и директорот на Вашето училиште, да го поминете процесот за сертификација и да ни ја доставите документацијата, врз основа на којашто, ПЕП ќе го подготви и ќе Ви го достави вашиот сертификат.

Со посебна почит,

Тим на компонентата

Унапредување на наставата по математика и природните науки

ДЕФИНИРАНИ 5 НОВИ ТЕРМИНИ ЗА ОБУКИ ВО СЕПТЕМВРИ

Дефинирани се термините за 5 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Септември. Се работи за обуки по математика во М. Каменица и Скопје, обука по физика во Скопје и обуки по географија и биологија во Куманово.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 68 обуки, а дефинирани се термините за 5 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Септември, a остануваат да се дефинираат уште 5 термини.