петок, 8 август 2008

РАСПОРЕД НА ОБУКИ ЗА ФАЗА 2

Во рамките на Фаза 2 од компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки предвидено е да се одржат 55 дводневни обуки. Досега се одржаа 9 обуки, а во наредниот период предвидено е да се одржат и преостанатите 46 обуки. Во РАСПОРЕДОТ можете да ги видите предметот на обуката, датата и местото на одржување, бројот на пријавени наставници коишто би требало да ја следат обуката во рамките на соодветниот регион, предмет и наставен јазик, како и бројот на наставници и педагози кои присуствувале на веќе одржаните обуки. Предвидено е на една од обуките по природни науки (хемија, физика, биологија или географија), во рамките на соодветниот регион за обука и на мајчиниот јазик, да присуствува и по еден претставник од стручната служба (педагог или психолог), со цел и тие да бидат запознаени со новините со коишто се сретнуваат наставниците. Притоа, се препорачува тие да присуствуваат на обуките по физика или хемија, поради помалиот број на учесници, а со цел да не се нарушува компактноста на групите.

Секако, главната намена на РАСПОРЕДОТ ќе биде тоа што редовно ќе се надополнува со информации за датата и местото на одржување на некоја од преостанатите обуки, откако истие ќе бидат дефинирани. Закажаните обуки ќе бидат затемнети со соодветна боја за подобар преглед.

Исто така, од оваа табела можете да го забележите групирањето на некои региони според начинот на којшто ќе бидат организирани обуките со цел за покомпактност на групите за обука. Во продолжение можете да ги симнете списоците на училишта кои спаѓаат во рамките на предвидените групи за обуки нааведени во РАСПОРЕДОТ.

ПЕЛАГОНИЈА (МАКЕДОНСКИ)

ЈУГОЗАПАД + ПЕЛАГОНИЈА (АЛБАНСКИ)

ПОЛОГ

СКОПЈЕ (МАКЕДОНСКИ)

ИСТОК

ЈУГОИСТОК + ВАРДАР

СЕВЕРОИСТОК + СКОПЈЕ (АЛБАНСКИ)

Во овие списоци училиштата кај кои бројот 2 е затемнет со зелена боја значи дека тие се вклучени и во компонентата за Подобрување на оценувањето и во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , додека пак училиштата кај кои бројот 2 е затемнет со црвена боја се вклучени само во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки . Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следи и на албански наставен јазик

Се надеваме на успешна соработка.

1 коментар:

Анонимен рече...

Благодариме за информацијата.