понеделник, 3 ноември 2008

Дефинирани уште 3 термини за обуки

Дефинирани се термини за 3 обуки, кои ќе се одржат при крајот на Ноември и почетокот на Декември. Имено, на 28-29 Ноември, во просториите на СУ "Лазар Танев" - Скопје ќе се одржи обуката по математика на македонски јазик за наставниците од Скопје, кои не беа поканети на обуката организирана во текот на месец Август. Исто така, на 5-6 Декември во Тетово ќе се одржат обуки за наставниците по хемија, од регионот Полог, на македонски и албански наставен јазик.
Секако, можно е во меѓувреме да се закаже уште некоја обука за периодот што следи, а секоја нова информација навремено ќе биде објавена на блогот.
Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред, каде што можете да најдете информации за сите закажани обуки во наредниот период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

Нема коментари: