Групите за обука ги имаме организирано на регионално ниво. Овој начин на групирање на општините во региони е со цел формираните групи за обука да бидат што е можно покомпактни. Кликнете овде за да го видите начинот на кој ги имаме групирано општините по региони.
Од табелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД ќе можете да се информирате за планираните, закажаните и одржаните обуки. Во оваа табела има податоци за предметот и јазикот, регионот и бројот на групи за обука по секој предмет и на секој јазик во регионот, како и за местото(градот) и датумот на одржување на закажаните и одржаните обуки. Притоа, предвидените, закажаните и одржаните обуки се обележани со соодветна боја за да имате полесен преглед на информациите
Tабелата ФАЗА 3 РАСПОРЕД постојано ќе биде надополнувана со нови информации, така што Ве молам повремено да ја симнувате и да се информирате.
Исто така, вреди да се напомене дека е планирано наставниците на турски и српски наставен јазик, да ги посетуваат обуките на македонски јазик во соодветниот регион кај што се наоѓа нивното училиште, но доколку постои желба кај некој од нив дозволено е обуката да ја следат и на албански наставен јазик
Се надеваме на успешна соработка.
1 коментар:
Почитувани здраво. Браво за Вашиот тим за ставените прирачници за ПИПИН и Настава во 21 век. Доста се добри и корисни за нас наставниците, но знајте дека и досега ние со задоволство ги прифажаме предизвиците на новото време и доколку сме во можност и ги имплементираме.
Но треба да се сетат и за плати на 21 век.
Поздрав ,
Николетка Свети Николе
Објави коментар