вторник, 4 мај 2010

ОДЛОЖЕНА ЕДНА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, се случи едно одложување на претходно дефиниран термин за обука. Се работи за обуката по географија, на македонски јазик, за наставниците од регионот Југоисток, што требаше да се одржи на 15 Мај во Струмица. Новиот термин за оваа обука, сеуште не е дефиниран.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 38 обуки, а дефинирани се термините за 11 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Мај.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

Нема коментари: