среда, 9 јуни 2010

И УШТЕ 2 НОВИ ТЕРМИНИ ЗА ОБУКА

Во меѓувреме, од претходниот напис до денес, беа дефинирани уште 2 нови термини за обуки:
1. Географија, на 18.06.2010, за наставниците од регионот Североисток, што ќе се одржи во ОУ Вук Караџиќ-Куманово и

2. Математика, на 17.06.2010, за наставниците од регионот Вардар, што ќе се одржи во ресторан Снупи-Велес.

Во рамките на Циклус 2 од реализацијата на компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки ,
досега се одржаа 53 обуки, а дефинирани се термините за 13 обуки, кои треба да се одржат во текот на месец Јуни, а за до крајот на месец Септември остануваат да се дефинираат уште 12 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

Нема коментари: