среда, 1 септември 2010

УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА

Почитувани колеги наставници,


Со задоволство Ви го честитаме почетокот на учебната 2010-2011 година. Ви посакуваме многу успех во работата, интересни содржини, наставни часови и проекти со учениците што ќе придонесе за постигање повисоки резултати.


Проектот за основно образование, и оваа учебна година ќе продолжи да доделува сертификати на наставниците коишто предаваат математика, физика, хемија, биологија и географија. Затоа, Ве покануваме да разговарате со стручната служба и директорот на Вашето училиште, да го поминете процесот за сертификација и да ни ја доставите документацијата, врз основа на којашто, ПЕП ќе го подготви и ќе Ви го достави вашиот сертификат.



Со посебна почит,

Тим на компонентата

Унапредување на наставата по математика и природните науки

Нема коментари: