вторник, 9 ноември 2010

Бидете ко-автор на збирка од примери на добра пракса

Проектот на УСАИД за основно образование објавува повик до сите наставниците од основното образование да достават примери од реализирани часови. Доставените примери ќе бидат разгледани од комисија во рамките на проектот. Примерите, што ги исполнуваат критериумите за иновативен приод во наставата насочена кон ученикот ќе бидат објавени во печатена форма и во електронска форма на CD.


Секој пример ќе биде објавен со име и презиме на наставникот – автор.


Ова е уште една можност за Ваше промовирање како иновативните наставници кои сакаат да ги споделат своите успешни наставни часови, на кои користеле современи методи и техники на поучување, во кои оценувањето било интегрален дел, и заедно со учениците користеле различни наставни средства, прирачни материјали и технологија.


За детални информации во врска со подготовката и доставувањето на материјалите, како и примери од реализирани часови подготвени според образецот кликнете на овој линк http://www.pep.org.mk/mk/matematika/konkurs/konkurs.html (за информации на македонски јазик) и на линкот http://www.pep.org.mk/al/math/konkurs/konkurs.html (за детални информации на албански јазик).


Конкурсот трае до 31 декември 2010.


Ваш ПЕП тим за компонентата

Нема коментари: