среда, 24 ноември 2010

Известување за наставниците по биологија и географија од Скопје

За разлика од претходниот распоред, во меѓувреме дојде до промена на 2 термини за обука. Имено, обуките по географија и биологија, на македонски јазик што требаше да се одржат на 27.11.2010 во Скопје, се поместени да се одржат на 11.12.2010, во основното училиште "Димитар Миладинов" - Скопје, со почеток во 9 часот. Ја користиме оваа прилика, да ги известиме сите наставници по биологија и географија, од регионот Скопје, кои не присуствувале на обуките од вториот циклус, дека можат да земат учество на овие обуки.

Во рамките на вториот дел од
реализацијата на Циклус 2, во компонентата за Унапредување на наставата по математика и природни науки , досега се одржаа 22 обуки, дефинирани се термините за 3 обуки, кои треба да се одржат во текот на Ноември и Декември, a остануваат да се дефинираат уште 7 термини.

Кликнете овде за да го симнете најновиот распоред на обуки, каде што може да се најдат информации за обуките, кои што ќе се одржат во наредниов период, како и за досега одржаните и предвидените обуки.

Нема коментари: